Кремљ контра ЕУ: Европските претставници нема да учествуваат на преговорите во Абу Даби

Мировните преговори за Украина закажани за оваа недела во Абу Даби ќе се водат исклучиво во трилатерален формат меѓу Русија, Украина и Соединетите Американски Држави. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, демантираше какво било директно учество на европски претставници на преговарачката маса.

Официјална Москва соопшти дека претстојните разговори во Обединетите Арапски Емирати остануваат строго ограничени на три страни, и покрај најавите што претходно пристигнаа од одредени европски метрополи.

Според Кремљ, средбата што ја организира Вашингтон има цел да ги придвижи дипломатските напори за прекин на војната, деескалација на конфликтот и дефинирање на безбедносните гаранции. Портпаролот Песков нагласи дека Русија и Украина преговараат исклучиво со посредство на САД.

Коментирајќи ги наводите за европско присуство, Песков посочи дека Вашингтон и Киев имаат сопствени канали за комуникација со европските сојузници, но дека тие нема да бидат дел од официјалниот преговарачки формат.

Претходно, францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека европските претставници ќе бидат присутни во Абу Даби и дека Франција планира активно да учествува во дискусиите.

Паралелно со овие случувања, украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека ги усогласил ставовите со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, порачувајќи дека Киев прави сè за трилатералниот формат да донесе конкретни резултати.

Руската делегација во Абу Даби ќе ја предводат високи воени и разузнавачки претставници, вклучително и шефот на руската воена разузнавачка служба Игор Костјуков.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?