Рибари спасија пијанист по девет часа во Тихиот Океан

Двајца рибари спасија 37-годишен пијанист што паднал од крузер и, според процената на спасувачите, поминал околу девет часа во Тихиот Океан. Го пронашле во петокот, на 6 ноември, во близина на островот Санта Каталина, на речиси 32 километра од брегот на Калифорнија.

Шон Нортон и Грант Гарет се враќале од риболов кон Њупорт Бич кога капетанот на нивниот чамец забележал човек во водата. Го извлекле на чамецот и упатиле повик за помош. Мажот им кажал дека работи како пијанист на крузерот „Овејшн оф д сиз“ на компанијата „Ројал Карибиан“.

„Ви благодарам. Мислев дека ќе умрам“, им рекол пијанистот, според Нортон, кој го опиша спасувањето за CBS Los Angeles.

Спасувачката служба во Њупорт Бич проценува дека мажот паднал од бродот околу 2:30 часот наутро, а рибарите го пронашле пред пладне. Тој бил пренесен во болница во стабилна состојба, соопшти Крајбрежната стража на САД.

Крајбрежната стража истражува под кои околности пијанистот паднал од бродот. Од „Ројал Карибиан“ соопштија дека му даваат поддршка и помош на својот вработен.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?