Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти Украина и Русија ќе постигнат договор пред зимата.
Новинарите го прашаа Трамп дали разговарал за ракетите „Патриот“ со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но во својот одговор тој го пренасочи разговорот кон можен договор со рускиот лидер Владимир Путин, објави „Украинска правда“ .
„Тие се подготвени за соработка“
„Разговарав многу со него. Тој е спремен да соработува, а и Путин е спремен. Еден ден, се надевам во блиска иднина, можеби пред суровата зима, ќе постигнат договор“, рече Трамп.
Потоа објасни дека сака Зеленски да склучи договор со Русија. „Дали знаете што сакам да направи? Склучи договор. Сакам тој да склучи договор со Путин и сакам Путин да склучи договор со него“, рече тој.

