Магазин Форбс: Роботите можат да бидат и фармацевти

роботите

Прво пристигнаа во производствените хали, потоа во продавниците, а сега и во аптеките. Како роботите ја извршуваат аптекарската работа, нивниот производител го демонстрираше пред Глобалниот дигитален трговски саем во Хангжу, во кинеската покраина Џеџијанг.

Роботот земаше лекови од полиците, ги ставаше на шанкот и сето тоа со насмевка, за време на пробите пред саемот.

Демонстрацијата требаше да покаже што може да направи системот со автоматизирана испорака на онлајн нарачки.

„Ова е првиот робот што е во служба на трговијата во областа на фармацијата. Роботот може да препознае и да ракува со околу 3.000 различни лекови. Кога ќе пристигне нарачката, информациите се пренесуваат на роботот, кој го наоѓа препаратот и го носи на одредено место каде што е нашиот фармацевт. Пополнувањето на обрасците поврзани со испораката е доверено на човечката рака“, вели Сјао Јуе, експерт за маркетинг на Ant Group.

Демонстрацијата на системот се одржа пред големиот саем, но неколку аптеки во Шангај веќе го користат. На саемот, роботот ќе биде претставен на поголем број потенцијални клиенти.

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?