Акција на МВР и АНБ во Скопје, приведени повеќе лица поради сомнение за тероризам

Велес

На повеќе локации во Скопје во тек е акција на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност, во која се приведени повеќе лица поради сомнение за кривични дела од областа на тероризмот.

Акцијата се спроведува под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Според првичните информации, полициски и безбедносни екипи постапуваат на повеќе локации во главниот град, каде се спроведуваат истражни дејствија.

Засега не е соопштен точниот број на приведени лица, ниту нивниот идентитет.

Нема информации ниту за конкретните кривични дела за кои се осомничени, како и за тоа дали акцијата е поврзана со конкретна група или претходно отворена истрага.

Од Обвинителството најавуваат дека повеќе детали ќе бидат соопштени по завршувањето на акцијата.

Акцијата сè уште е во тек, а надлежните засега не излегуваат со дополнителни информации за локациите на претресите и обезбедените докази. 4NEWS.mk

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?