Копилотот осомничен за избодување на капетанот на летот FZ1073 на ФлејДубаи до Израел е омански државјанин по име Хамам ел Хамами, објави Асошиејтед Прес, повикувајќи се на три лица информирани за ситуацијата, вклучувајќи дипломат од Заливот и западен дипломат.
Сите зборуваа под услов на анонимност бидејќи не биле овластени да даваат изјави за медиумите.
Дипломат од Заливот рече дека е во тек истрага за да се утврди дали напаѓачот дејствувал како „осамен волк“ или имал врски со некои екстремистички групи.
Копилотот, за кого официјалните лица рекоа дека речиси предизвикал пад на авионот со 182 лица во него, претходно му беше забрането да лета од Оман поради загриженост дека усвоил екстремистички ставови.
Ова го изјави друго лице запознаено со случајот, исто така под услов на анонимност поради тековната истрага.
Инцидентот се случил на 30 септември на лет на авиокомпанијата со седиште во Дубаи од Обединетите Арапски Емирати до Тел Авив, со 174 лица во авионот, претежно израелски државјани, кога копилотот, државјанин на Оман, го нападнал и го повредил командантот на летот, по што авионот почнал брзо да губи висина.
Патниците успеале да влезат во пилотската кабина и да го совладаат копилотот, додека другите пилоти кои биле меѓу патниците му помогнале на авионот да се стабилизира и да слета во Саудиска Арабија.
ОАЕ: Копилотот на Флајдубаи го нападнал пилотот со секира и се обидел да изврши терористички напад
Копилотот на летот FZ1073 на компанијата Флајдубаи се обидел да изврши терористички напад за време на летот, објави денес јавниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати.
„Копилотот го нападнал пилотот во пилотската кабина со секира и се обидел да ја преземе контролата врз авионот“, изјави јавниот обвинител, според државната новинска агенција WAM.
Како што изјави тој, во тек е истрага за утврдување на околностите на инцидентот, мотивите и можните врски, како и за анализа на физички и дигитални докази.
Инцидентот се случил на 30 септември на лет на авиокомпанијата со седиште во Дубаи од Обединетите Арапски Емирати до Тел Авив, со 174 лица во авионот, претежно израелски државјани, кога копилотот, државјанин на Оман, го нападнал и го повредил командантот на летот, по што авионот почнал брзо да губи висина.
Патниците успеале да влезат во пилотската кабина и да го совладаат копилотот, додека другите пилоти кои биле меѓу патниците помогнале во стабилизирањето на авионот и безбедното слетување во Саудиска Арабија.

