СДСМ бара уште 10 денари за килограм ориз, откупната цена падна на 16 денари

СДСМ бара дополнителна финансиска поддршка од 10 денари за секој килограм произведен и откупен ориз и повика владејачкото мнозинство да го поддржи предложеното законско решение.

Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, денеска од Горни Подлог, Кочанско, изјави дека оризопроизводителите се соочуваат со ниски откупни цени и зголемени производствени трошоци.

Според неа, оризот што се откупува во моментов се плаќа по 16 денари за килограм, а дел од производителите воопшто немаат обезбеден откуп.

Каранфилова Пановска тврди дека ваквата цена не ги покрива трошоците за нафта, ѓубрива и механизација.

Таа направи споредба со 2021 година, кога, според податоците што ги изнесе, откупната цена достигнувала 42 денари за килограм.

СДСМ минатата недела поднел предлог-закон во Собранието со кој се предвидува дополнителна поддршка од 10 денари за килограм произведен и откупен ориз.

Од партијата велат дека целта е земјоделците да обезбедат средства за следната сеидба и да го продолжат производството.

Каранфилова Пановска го повика владејачкото мнозинство да го поддржи предлогот, а потребните средства да бидат обезбедени со најавениот ребаланс на Буџетот.

Од СДСМ предупредуваат дека без дополнителна поддршка дел од оризопроизводителите би можеле да се откажат од производството следната година.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?