Кобилата и ждребето се на безбедно, Ѓорѓиевски бара итна реакција од институциите

Кобилата која утрово се ождреби на улица во Скопје и нејзиното новородено ждребе се преземени и згрижени на безбедно, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

По информациите за случајот интервенирале екипи и стручни лица од Зоолошката градина – Скопје, а животните се сместени во карантин каде што треба да добијат соодветна нега и стручен третман.

Ѓорѓиевски оцени дека конкретната интервенција не го решава поширокиот проблем со напуштените и експлоатирани животни низ Скопје и побара Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за земјоделство да започнат координирана акција.

Според него, потребни се мерки за згрижување и заштита на животните, но и утврдување одговорност во случаите на нивна експлоатација и злоупотреба.

„Не смееме да се навикнеме на сликите на напуштени и експлоатирани животни по скопските улици“, порача Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека ова прашање не е во директна надлежност на Град Скопје, но ги ставил на располагање градските капацитети за евентуална заедничка акција со надлежните институции.

Ѓорѓиевски најави дека доколку нема реакција, Градот ќе преземе иницијатива преку механизмите што му стојат на располагање.

Кобилата претходно денеска се ождреби на улица во Карпош, а случајот предизвика реакции на социјалните мрежи.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Не, немам доверба дека знаеме што навистина јадеме 1358 (64%)
64 %
Делумно, но потребни се почести и построги контроли 419 (20%)
20 %
Не можам да проценам, недостигаат доволно информации 227 (11%)
11 %
Да, контролите се доволни и храната е безбедна 110 (5%)
5 %

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Не, немам доверба дека знаеме што навистина јадеме 1358 (64%)
64 %
Делумно, но потребни се почести и построги контроли 419 (20%)
20 %
Не можам да проценам, недостигаат доволно информации 227 (11%)
11 %
Да, контролите се доволни и храната е безбедна 110 (5%)
5 %