Носителot на листата „Александар Вучиќ – Единствена Србија“, Александар Вучиќ му го честиташе денес на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, претстојниот роденден и изрази верување дека ќе продолжат да ги зајакнуваат односите меѓу Србија и Русија во иднина.
„Ги ценам зборовите на поддршка што неодамна ми ги упативте лично, но и поддршката што Руската Федерација ѝ ја дава на Република Србија и нејзините интереси во меѓународните организации“, рече Вучиќ во честитка објавена на Инстаграм профилот „avucic“.
Вучиќ особено изрази благодарност за долгогодишното разбирање на Путин за потребите на Србија да има стабилно и сигурно снабдување со гас под поволни услови.
„Убеден сум дека во иднина ќе продолжиме да ги зајакнуваме односите меѓу Србија и Русија, врз основа на меѓусебно почитување, разбирање и традиционално пријателство на нашите народи, како и дека преку заеднички напори ќе придонесеме за понатамошно подобрување на соработката во областите од заеднички интерес“, рече Вучиќ.
Тој му посака на Путин добро здравје, лична среќа и успех во извршувањето на одговорните должности како државник.
Претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин е роден на 7 октомври 1952 година во тогашниот Ленинград, денешен Санкт Петербург.

