Реконструиран оддел во Бардовци, вложени 300.000 евра

Целосно е реконструиран одделот „Машки 2“ во Психијатриската болница во Бардовци, со инвестиција од 300.000 евра, соопшти министерот за здравство Сашо Клековски. Одделот зафаќа површина од околу 600 квадратни метри.

Клековски изјави дека условите во психијатриските установи со децении биле несоодветни и дека нивното подобрување мора да продолжи.

„Пред четири децении, за време на моите студии, едно од двете најтешки искуства ми беа нечовечките услови во психијатриските установи. Работиме тоа да се смени“, рече Клековски.

Според Министерството за здравство, со болницата е договорено во основниот буџет да се предвидуваат средства за континуирана реконструкција и подобрување на условите.

Претходно биле реконструирани сите оддели во Специјалната психијатриска болница во Негорци и дел од Клиниката за психијатрија во Скопје, а следна е реконструкцијата на Психијатриската болница во Демир Хисар.

Клековски најави и дополнителни активности во областа на менталното здравје. Од минатата година матичните лекари имаат превентивна цел за рано откривање депресија кај младите, а за следната година е најавен проект за отворање центри за ментално здравје на младите.

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?