Виена, Прага и Братислава бараат крај на билатералните блокади за ЕУ

Цивил

Австрија, Чешка и Словачка предлагаат билатералните спорови да се решаваат надвор од пристапните преговори и да не го запираат напредокот на земјите кандидати кон Европската Унија.

Предлогот е содржан во заеднички нон-пејпер на трите земји, во кој се отвора прашањето за начинот на кој билатералните спорови влијаат врз процесот на проширување.

Во тој контекст се посочуваат и споровите што го оптоваруваат европскиот пат на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и односите меѓу Македонија и Бугарија.

Трите земји предлагаат отворените билатерални прашања да се решаваат преку директен дијалог меѓу засегнатите држави, без тие автоматски да ја блокираат динамиката на пристапните преговори.

Во документот се предлага и постепено вклучување на земјите кандидати во дел од политиките, програмите и агенциите на ЕУ уште пред полноправното членство.

Иницијативата се надоврзува на пошироките разговори во ЕУ за промена на процесот на проширување.

Европската комисија претходно предложи дел од одлуките во текот на пристапните преговори, како отворањето на преговарачките кластери, да можат да се носат со квалификувано мнозинство, наместо за секој чекор да биде потребна едногласност.

Конечниот прием на нова земја членка, сепак, и натаму би барал согласност од сите членки на ЕУ.

Во предлозите се разгледува и можноста билатералните прашања што не се директно поврзани со критериумите за членство да се решаваат надвор од пристапниот процес.

Тоа би значело ограничување на можноста една земја членка да го блокира напредокот на кандидат поради спор што не е поврзан со европските реформи и исполнувањето на критериумите.

Австрија, Чешка и Словачка во последниот период сè поотворено бараат забрзување на проширувањето кон Западен Балкан и поголема предвидливост за земјите што ги исполнуваат реформските обврски.

Предлозите засега не претставуваат нови правила на Европската Унија. За нивно воведување ќе биде потребен политички договор меѓу земјите членки.

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?