Карпош ќе покрива 80% од цената за филтри на оџаците

Општина Карпош почна со субвенционирање на поставување филтри на оџаците во домаќинствата, при што ќе покрива 80 отсто од трошокот, но најмногу до 10.000 денари.

Право на субвенција имаат индивидуални домаќинства во Карпош кои за затоплување користат цврсто или течно гориво и кои ќе купат и инсталираат нов филтер за оџак по 13 октомври.

За аплицирање ќе бидат потребни барање за субвенција, имотен лист, лична карта, трансакциска сметка, сертификат за квалитет на филтерот, фискална сметка или фактура, како и нотарски заверена изјава дека филтерот ќе се користи и одржува најмалку пет години.

Општината го задржува правото во текот на грејната сезона да изврши мерење на емисиите кај поставените филтри за да се провери нивната ефикасност. Мерењето ќе биде на доброволна основа.

Јавниот повик ќе трае 60 дена од денот на објавувањето или до исцрпување на предвидените средства.

Мерката е дел од програмата на Општина Карпош за животна средина и енергетска ефикасност за 2026 година, со цел намалување на загадувањето од индивидуалното затоплување.

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?