Македонска песна и оро во петок на Боемска

Боемска улица во Скопје во петок, 16 октомври, ќе биде домаќин на музичко-фолклорната манифестација „7/8 Центарски такт“, со настапи на Блага Петреска, Наум Петрески, ВИС „Интрада“ и КУД „Орце Николов“. Настанот го организира Општина Центар, а програмата започнува во 18 часот.

Манифестацијата е посветена на македонската народна песна, традиционалните ора и културното наследство, а ќе се одржи на Боемска улица 1.

Програмата започнува во 18 часот со дефиле на КУД „Орце Николов“, а посетителите ќе можат да разгледаат и изложба на традиционални македонски народни носии.

Музичкиот дел започнува во 20 часот, со настапи на ВИС „Интрада“, Блага Петреска, Наум Петрески и Тули.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги покани граѓаните да присуствуваат на настанот, нагласувајќи дека целта е македонската музичка и фолклорна традиција да се доближи до помладите генерации.

Според Герасимовски, народната песна е важен дел од македонското културно наследство, а ваквите настани придонесуваат за нејзино зачувување и пренесување на новите генерации.

Манифестацијата „7/8 Центарски такт“ е дел од активностите на Општина Центар за промоција на македонскиот фолклор и традиционалната музика.

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?