Во Канада регистиран најголемиот „див бран“ од 17,6 метри

Мерна бова крај канадскиот брег регистрираше бран висок 17,6 метри, за кој научниците потврдија дека претставува најекстремниот таканаречен „див бран“ забележан досега. Ваквиот океански феномен, според статистичките пресметки, се појавува само еднаш во 1.300 години.

Огромниот воден ѕид со висина на четирикатница бил регистриран крај местото Јуклулет на островот Ванкувер. Научните анализи покажаа дека настанот ги надминува сите досегашни слични мерења според релативната висина во однос на околните бранови.

Во океанографијата, диви или непредвидливи бранови (rogue waves) се дефинираат како бранови што се најмалку двојно повисоки од брановата состојба во нивното непосредно опкружување. Додека познатиот историски бран „Драупнер“ од 1995 година во Норвешка бил околу двапати повисок од околното море, бранот крај Ванкувер бил речиси трипати повисок од соседните бранови.

Приказните за џиновски бранови со векови важеа за морнарски митови, сè додека мерните уреди не почнаа егзактно да го бележат нивното постоење. Науката смета дека токму вакви неочекувани водни удари во минатото потопиле бројни бродови и поморски платформи.

Експертите сè уште немаат дефинитивен одговор за точните физички процеси што доведуваат до создавање на овие феномени. Сепак, најновите прецизни податоци од мерните бови овозможуваат создавање поквалитетни симулациски модели, со крајна цел во иднина овие опасни океански појави навремено да се предвидуваат.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?