Девет улици кај „Треска“ денеска без вода

Дворци

Повеќе улици во скопската општина Центар денеска, 21 октомври, ќе останат без вода поради поврзување на нова водоводна мрежа на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на поранешната фабрика „Треска“.

Прекинот на водоснабдувањето започнува во 08:30 часот, а ќе ги опфати корисниците на улиците „Христо Смирненски“, „9-ти Мај“, „Роза Луксембург“, „Диме Аницин“, „Васил Стефановски“, „Петар Попарсов“, „Костурски Херои“ и „Борка Талевски“, како и дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Причината е поврзување на нова водоводна мрежа со профил Ф-150 милиметри.

Водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршувањето на работните активности, без однапред утврден термин.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?