Москва одби енергетско примирје со Украина

Русија
Dmitri Peskov, Kremlin.ru, CC BY 4.0 , via Wikimedia Commons

Русија не ја менува позицијата за можен прекин на нападите врз енергетските постројки и бара траен мир наместо привремено примирје со Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Одговарајќи на прашање за можен договор меѓу двете страни за запирање на нападите врз енергетската инфраструктура, Песков на брифинг со новинарите во Санкт Петербург нагласи дека ставот на Москва останува непроменет. Тој посочи дека на Русија ѝ е потребен мир, а не примирје, при што не откри конкретни детали под кои услови Москва би прифатила таков договор.

Портпаролот на Кремљ порача дека крајно решение за војната не е возможно без директно учество на официјален Киев. Според неговите зборови, целосно затворање на украинското прашање бара претставници од Киев да донесат одговорна одлука.

Овие пораки од Москва следуваат во период на јавни дебати за ограничување на ударите врз критичните енергетски мрежи, со цел да се намалат штетите врз цивилното население. Руските сили продолжуваат со нападите врз украинските енергетски капацитети, што создава сериозен притисок врз снабдувањето со струја и греење во пресрет на зимскиот период.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?