Слаткар со силна порака за Светскиот ден на пелтечењето

Слаткар

Македонскиот музичар Марко Маринковиќ – Слаткаристика, по повод 22 Октомври, Светскиот ден на пелтечењето, испрати порака за разбирање, поддршка и прифаќање на луѓето кои се соочуваат со потешкотии во говорот.

„За секој глас кој некогаш бил задржан. За храброста да ја раскажеш својата приказна. Да се слушаме. Денес и секој ден“, се наведува во пораката објавена по повод овој ден.

Објавата е поврзана и со најавата за „Слушни ме“, музички документарен филм инспириран од животната приказна на Слаткаристика, кој треба да биде претставен пред публиката на почетокот на 2027 година.

Пораката што ја носи проектот е едноставна, но важна – секој глас заслужува да биде слушнат.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?