Јованова-Грујовска: Се најдовме со ситуација да биде срамота да се зборува на стандарден македонски јазик меѓу младите

Во ова интервју директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“, вели дека грижата за македонскиот јазик започнува дома, во домот, а светот се освојува откако човек ќе биде суверен на својата територија, со својот јазик, во својата земја.

Јованова-Грујовска вели дека за младите како да е одамна заршена борбата за македонски јазик и тоа го сфаќаат здраво за готово, а таа не е завршена.

Нејзина препорака е дека светот се освојува само ако човек е свесен за себеси, од каде доаѓа, да не се срами од себеси, да не се срами од своето потекло.

Прво треба на мајчин јазик да мислиме, да ги носиме одлуките на мајчин јазик, а потоа можеме од четвртата, од петтата година натаму да учиме втори јазици, вели директорката на Институтот за македонски јазик и укажува дека се најдовме со ситуација да биде срамота да се зборува на стандарден македонски јазик меѓу младите.

Со проф. д-р Елена Јованова Грујовска разговараше Зоран Бојаровски

Единаесеттите отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ завршија минатата недела. Се дочекаа бројни гости, беа напра-, беше направена конференција, беа презентирани многубројни реферати, се стекнаа многу нови размени на искуства и така натаму, како што доликува на една ваква конференција што ја организира Институтот за македонски јазик.

Денеска во „Имаме неколку прашања за вас“ со нас е директорката на Институтот, госпоѓа Елена Јованова Груевска. Благодарност до нејзе ја прифати оваа понуда за разговор. Директорке, како помина, какви се впечатоците сега откако завршија деновите на македонскиот јазик?

Првиот ден по отворените денови е секогаш најинтересен затоа што сите раскажуваат и кажуваат свои впечатоци. Веќе неколку години со ред сите сме задоволни на крајот од отворените денови. Зошто?

Затоа што прво пречекуваме многу гости. Можам да кажам барем петстотини луѓе поминаа во овие денови низ Институтот за македонски јазик, низ спомен собата на Крсте Мисирков, на конференцијата и така натаму.

Првиот ден ни дојде претседателот Африм Гаши во официјална посета на Институтот за македонски јазик и ги поздрави отворените денови. Тоа беше по повод осумдесет години од почетокот на револуционерната борба и триесет и пет години независна Македонија.

Имаше причина, повод да биде тој тука. Потоа ни дојде проректорот проф. Д-р Иван Чорбев. Тој е проректор за меѓународна соработка. Дојде во името на Универзитетот да не поздрави и потоа наш гостин беше Кристофер Риголер.

Тој е амбасадор на Република Франција во Македонија. Со особена чест и задоволство се договоривме првиот ден од отворените денови, освен што ќе биде посветен на нашите изданија и на нашите јубилеи и јубилари, а главен јубилеј ни беше сто години од упокојувањето на нашиот патрон Крсте Мисирков.

А потоа имавме и други поводи како 1110 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски, 1140 години од Охридската книжевна школа. И еве спомнавме веќе независноста и револуционерната борба. Се договоривме вториот ден, дел да биде ден на францускиот јазик во Институтот за македонски јазик.

Тоа беше на една средба претходна со амбасадорот. Тој дојде да го посети Институтот за македонски јазик и на заедно задоволство така се договоривме и тоа го испочитувавме. Ние си по академска линија ги поканивме колегите од Катедрата за романски јазици.

Тие дојдоа, ја претставија наставната програма по предметот француски јазик, студиите француски јазик и книжевност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, односно на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Професорите настапија, лекторите, лекторот од Франција што е дојден тука.

И на крајот, се разбира, тоа беше и најинтересното студентите коишто правеа свои преводи од македонски на француски од француски на македонски автори. И тоа беше многу симпатично, шармантно. Тука направија изложба на своите изданија и така натаму.

Исклучително убав, долг прв работен ден на отворените денови. Потоа ја имавме два дена Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик извор на научни истражувања“ со централна тема нормата и јазикот.

Македонскиот јазик беше проучуван преку нормата. Кои се отстапките и на дијалектен и на ономастички план. Потоа стари проучувања на на старите наши црковни споменици, се разбира, меѓутоа и споредба со другите јазици.

Затоа што кога се 95-96, во тој случај се разбира дека има многу странци. Имавме гости од Австрија, од Полска. Најголемата група ни беше од Србија. Имавме многу голема група, Словенија, Хрватска и така натаму.

Ако ги набројувам ќе испуштам некоја. Повеќе гости имавме кои што правеа споредбени проучувања, македонскиот со нивниот мајчин јазик и ова беше многу исклучително важно за следење и така натаму.

Светот се освојува откако човек ќе биде суверен на својата територија, со својот јазик, во својата земја.

Не станува збор само за церемонијално одржување. Ова практично говори за една работна атмосфера за време на работна атмосфера.

Да. И работевме во три паралелни сесии. Оваа просторија е едната од трите во кои што одеа паралелните сесии.

Можете да замислите два дена три паралелни сесии за да се ислушаат сите реферати и по свеченото затворање заминавме во Тетово. Ја посетивме нивната катедрална соборна црква Свети Кирил и Методиј во Тетово ја посетивме.

Отец Зоран ни одржа предавање за важноста за значењето на црквата Свети Кирил и Методиј. Потоа ни ја покажа постојаната изложба поставка што ја имаат во црквата во горниот дел, кај што се собрани фрески векови наназад од сите цркви во тетовскиот крај, вклучително и Лешочки манастир пред да изгори.

Тоа што е собрано потоа тука го има сето и имавме исклучително успешен ден по завршувањето на конференцијата. Продолжение Потоа вечерта се сретнавме во Тетово со двајца инструменталисти кои што настапуваат на меѓународни натпревари по фолклор и ова беше вистинско доживување за странците, па и за нашите, ќе речеме учесници.

И на крајот во петокот имавме една убава трибина. Осумдесет години од објавувањето на првата граматика на Круме Кепески на македонски стандарден јазик и, се разбира, и осврт на сите граматики што потоа се објавени кај нас.

Исклучително успешна, ќе речеме трибина на која што зедоа учество пред се младите прво, а потоа и поискусните. Ни беше во посета и ќерката на Круме Кепески. Значи можеме да бидеме задоволни затоа што пред нас, односно зад нас имаме исклучително успешни отворени денови.

Македонскиот јазик треба да биде јазик на обединување и на разбирање меѓу сите.

Практично, целата манифестација се одвиваше во знакот на повеќе јубилеи. Тоа му дава, оваа година му дадена и дадена отворените денови една посебна тежина, најмногу и заради тоа што дојдоа многу странци и се чувствуваше таа, нели една свечена атмосфера.

Како реагираат? Сега веќе влегуваме во оној дел кога ќе ги отворам тие прашања за предизвиците со кои се соочува македонскиот јазик. Но, ова присуството на толку голем број македонисти ќе кажам или лингвисти што и да е од сферата на изучувањето на јазиците, словенските или македонскиот, им дава им дава една посебна перспектива на тие предизвици, дека дека тој тип на остварување на вакви средби го афирмира уште еднаш македонскиот јазик.

Знаете како на времето пред 75-80 години, Блаже Коневски, па ќе кажеме и сите негови современици се потрудиле да го направат македонскиот јазик видлив.

И тргнале во освојување на Европа и на светот. И почнале да канат овде македонисти, односно лингвисти од целиот свет кои што потоа станале наши пријатели, наши амбасадори, како велат сега бесплатни, наши амбасадори по светот.

И оттука ќе речеме и пријателството на Виктор Фридман со македонските лингвисти. Па имаше една професорка Рина Усикова, имаше од сите од многу земји. Значи, имавме исклучително добри пријатели кои што доаѓа.

Потоа дојдоа нивните следбеници. Е, сега е редот и ние малку да се потрудиме да продолжат да доаѓаат. И еве до минатата година ни доаѓаа две колешки од Институтот за српски јазик.

Годинава се четири колешки и посебно по средбата на крајот од затворањето на конференцијата и по средбата со овие нашиве фолклористи беа толку одушевени велат: „Сега гледаме зошто нашиве колешки секоја година со радост доаѓаат во Институтот за македонски јазик“.

Значи, сакаме да покажеме дека лингвистиката, јазикот, македонскиот јазик, воопшто словенските јазици не се сувопарна досадна работа, туку преку проучувањето на јазикот се проучува фолклорот, традицијата, обичаите, храната, сè. На тој начин всушност ги привлекуваме да станат наши пријатели и да останат наши пријатели.

Ни треба новата генерација. Еве на пример, минатата година професорот Мачеј Кафка, кој што е дел од нашите организациски одбори и на оваа конференција и на списанието „Македонски јазик“. Минатата година го доби престижното признание на УКИМ за професор од странство, нели, кој што дал голем придонес, а неговиот голем придонес е кај нас во Институтот за македонски јазик на катедрата и особено на Семинарот за македонски јазик.

Е, сега треба да направиме веќе нова генерација помлади луѓе. Така ние со со радост го пречекуваме професорот Мачеј Кафка. Тој доаѓа со сопругата Ирена Кафка Ставови Кафка, која што историчар. Па од сите аспекти го разгледуваат македонскиот јазик.

Меѓутоа ни требаат такви луѓе кои што четириесет години, меѓудругото, се занимаваат со македонистиката на сите рамништа.

За младите како да е одамна заршена борбата за македонски јазик и тоа го сфаќаат здраво за готово, а не е завршена.

Јас ќе се задржам малце на видливоста за македонскиот јазик од овој аспект научен, а тоа рефлектира и еден друг аспект општествен, меѓународен и така натаму.

Практично, вие ја продолжувате мисијата на Блаже Конески и на другите кои го покренаа тој тој бран. Ја продолжувате таа мисија и сега, како што видите вие создавате нови генерации кои го прават тоа.

Така е. Така е. Сега исто во организацискиот одбор ни е академик Јан Соколовски од Полска, ама сега е веќе време и за помлади Пољаци, нашите колеги, па и јас со нив, одиме на конференции во Полска, но ги каниме овде. Нашиот поранешен директор Трајко Стаматоски ме учеше и ми кажуваше Елена, треба посебен однос да се има кон странците за да ги убедиме да доаѓаат и да го следат и да го проучуваат македонскиот јазик.

Тоа посебен однос. Всушност значи да си останеме пријатели како што сме, што сме си биле. Тоа е истиот однос што го имаме и со нашите колеги. Значи, ако ние со радост не ги пречекуваме, нема колегите од Филолошкиот факултет да ни доаѓаат или од Тетовскиот универзитет, или од Штипскиот и така натаму, па и од приватните универзитети кај нас.

Мора да се покаже таа широчина и да им кажеме дека нам ни е многу битно, дека ни се многу значајни што доаѓаат на нашите конференции и на нашите средби.

Прво треба на мајчин јазик да мислиме, да ги носиме одлуките на мајчин јазик, а потоа можеме од четвртата, од петтата година натаму да учиме втори јазици.

Значи, нема сомнење дека на конференциите, на средбите, на презентациите што се прават таму истражувањата за тие неколку дена работа од тој тип прави многу за македонскиот јазик од научен аспект.

Но, се разбира, кога доаѓаат овие денови и јавноста го предизвикуваат и вниманието на јавноста за тоа колку јавноста, колку другите сегменти од општеството водат грижа за тоа да го чуваме, негуваме, афирмираме македонскиот јазик. Имавте една изјава на отворањето на на Отворените денови кога рековте дека децата веќе имаат проблеми со говорењето на македонскиот јазик дури и не размислуваат веќе на македонски јазик.

Малку подоцна се совпадна доделувањето на наградата во МАНУ на преведувачката од Словенија Соња Должан, која рече пак нешто што мене на пример ме вознемири. Таа веќе вели не го препознавам веќе македонскиот јазик.

Не ми звучи така македонски.

„Не ми звучи така македонски“. Тоа се тие предизвици сега од оваа страна, значи од општествената страна, од секојдневието, од говорниот дел на обичните граѓани. Кога зборуваме за македонскиот јазик, имаат ли основа овие загрижености?

Имаат основа и треба тука да покажеме сите една голема подготвеност за да се избориме македонскиот јазик да си остане во Македонија. Прво да биде службен јазик, потоа да биде јазик на обединување на сите и јазик на разбирање меѓу сите.

Зошто го кажувам ова? Затоа што, ако се гледа институционално, ние бевме исклучително добро покриени и медиумски бевме покриени. И еве со доаѓањето на проректорот, со доаѓањето на претседателот на Собрание.

И не е само оваа година. Тоа секоја година се случува и ние имаме значи многу видни луѓе од општествениот живот дошле во Институтот, што е потврда за важноста на македонскиот јазик и официјалната грижа за јазикот.

Меѓутоа, значи, грижата почнува дома во домот. За жал, сум разговарала со млади студенти им кажувам дека македонскиот јазик е првиот јазик што треба децата дома кога ќе имаат свое потомство да го слушнат македонскиот збор, македонскиот јазик, мајчиниот јазик, нели и татковиот како мајчин да го слушнат и да го научат прво македонскиот, а потоа другите јазици да ги учат.

И тука веќе се гледа кај младите еден бунт. Зошто да не се почне прво со англискиот или со друг странски јазик, па потоа да се учи и македонскиот. Значи еден е мајчин јазик. Преку мајчиниот јазик сè се осознава.

Човек си ги осознава своите корени, си дознава за баби и за дедовци, за нив предходниците. Тоа е пораката што му ја пренесуваме на тоа дете. Му пренесуваме фолклор, народни обичаи, храна, осознавање на светот и почнуваме да мислиме со тоа дете на мајчин јазик.

Сега модата си го прави своето. За младите како да е одамна заршена борбата за македонски јазик во македонска држава и тоа го сфаќаат здраво за готово и сега сакаат да го освојуваат светот.

Светот се освојува само прво ако човек е свесен за себеси, од каде доаѓа да не се срами од себеси, да не се срами од своето потекло. Ние имаме во литературата многу такви текстови што ни укажуваат дека прво треба да си се почитуваме, да си се сакаме себеси и да знаеме на мајчин јазик да мислиме, да ги носиме одлуките на мајчин јазик, а потоа можеме од четвртата, од петтата година натаму да учиме втори јазици.

И сега што се случува? Се случува во градинките се воведува англиски јазик, ама нема ништо за на македонски. И наеднаш децата сфаќаат дека англискиот е многу битен ако се учи уште на четири на пет годишнки во градинка.

Се најдовме со ситуација да биде срамота да се зборува на стандарден македонски јазик меѓу младите.

Како што рековте, здраво за готово се зема...

Многу здраво за готово. Македонскиот јазик тоа е завршена работа и сега треба да го освоиме светот. Светот се освојува откако човек ќе биде суверен на својата територија, со својот јазик во својата земја и знае дека со македонската историја, со македонските јунаци, борци за слобода, писатели, поети музичари, дека може да се носи со светот.

Е, тогаш можеме да го освојуваме светот. Значи, тоа е тоа што ни недостасува. Тоа е во домот, па во градинките, основните, средните училишта, на факултет. И медиумите, се разбира.

Практично, вие со последната реченица ги лоциравте точките на структури кои се одговорни за чувањето на јазикот и за афирмацијата, почнувајќи од домот, почнувајќи од родителите.

Не е, како што велите, пак, повториме тоа здраво за готово дека сме го освоиле македонскиот јазик и дека единствена грижа за македонскиот јазик ќе треба да бидат институтите, факултетот, тој тип на средини. Тој се чува, се афирмира дома со родителите и така треба да продолжи. Медиумите и сите што ги спомнавте.

Јас кога влегува во Институтот за македонски јазик, важев, мојата генерација важеше за генерација што целото свое образование основно, средно и високо го има стекнато на мајчин македонски јазик стандарден и тоа беше нашата предност.

Сега ние имаме веќе генерации што одат во странски градинки кај што се зборува на странски јазик, потоа основно и средно училиште завршуваат на странски јазик и на крајот студираат на странски јазик овде во Македонија, Македонци.

Како ќе можат тие млади луѓе да се изразат прво за својата струка? Нема да знаат. Тоа ќе ни се случи истото што беше со предавањето на професорката Мојсова за Оземпикот. Таа како своето предавање, јас за жал не бев во Скопје.

Меѓутоа прочитав дека своето предавање го направила на англиски јазик, затоа што целото образование е во странство на англиски јазик. Ако ние во Македонија го имаме целото образование на странски јазик, тие луѓе нема да можат, нема да знаат да зборуваат за областа во којашто работат.

За струката нема да знаат да се изразат на македонски стандарден јазик.

Во поезијата на Гане Тодоровски имаше неологизми, но тие беа во духот на јазикот.

Ова ме потсети, сега ќе направам една паралела и малку ќе отстапам од разговорот, но ме потсети. Јас сум малку постар, повозрасен од вас и на пример мојата генерација претходните генерации.

Образованието, да, го стекнуваа на македонски јазик, но имавме еден проблем. Литературата во подоцнежните образовни години, факултет или постдипломски студии главно беше на јазиците на народите на Југославија српски, главно хрватски и така натаму. Ретко кој користеше словенчки, но оттаму ги црпевме. Потоа дојде еден период кога тоа почна да се надополнува со литература на македонски јазик, се афирмираше, дојдоа преводите и така натаму. Влеговме во една таква фаза, а сега повторно влегуваме во оваа фаза во која вие кажувате дека от почетокот од градинка на друг јазик, основно училиште на друг јазик, средно училиште на друг.

За факултет и да не зборувам, заминуваат во странство и тоа е еден, еден сериозен, еве нема да го речам проблем, ама предизвик дека треба тоа да се, да се најде, да се избалансира во полза на македонскиот јазик, ако смеам така да кажам.

Знаете, младите генерации гледаат што е според нив модерно популарно. Јас во една ситуација во едно интервју реков дека ние мора да се погрижиме македонскиот јазик младите да го прифаќаат како модерен модел на изразување.

Или тогаш реков да биде „ин“, нели, како што младите тоа обично кажуваат. Зошто? Затоа што сега младите сметаат дека ако употребат многу странски зборови, туѓ жаргон и така натаму, дека ќе бидат популарни во средината и дека нема да им се смее околината, средината, дека зборуваат во „старомодно“.

Некој спомна овде на отворените денови дека слушнал случајно како младо дете од училиште зборува со родителот, потоа спушта,  и младите му велат какво е ова старовремско зборување?

Сакам да кажам дека ние сега сме во ваква ситуација. Ако пред дваесетина години беше срамота да се каже дека учи детето дома, по кога ќе му се јават, ќе лаже дека гледа филм, а всушност пишува домашна работа или учи.

Па затоа знаењето на учениците ни дојде во такво катастрофално ниво како што се резултатите на ПИСА и на другите тестови. Сега се наоѓаме во таква ситуација. Сега е срамота да се зборува на стандарден македонски јазик меѓу младите.

И што ќе направиме по десетина години? Значи сами ќе си ја пресечеме гранката на којашто се држиме, седиме, стоиме, нели? И всушност, на крајот не ни требаат непријатели однадвор, затоа што ние самите сме се потрудиле да го избегнеме јазикот и да се случи она што го кажа нашата словенечка пријателка преведувачка.

Зошто? Затоа што таа слуша сега и во творештвото веќе се случува сé повеќе туѓи зборови да имаме. Следете ја вие поезијата на еден Гане Тодоровски, кој што иако имаше неологизми, тие беа во духот на јазикот.

Да не зборуваме за Блаже Конески, кој што мене ми беше алфа и омега, почеток и крај на денот. Јас знаев навечер да си читам негова поезија за да си се најдам во тоа што ми се случувало во текот на денот и да си најдам една смиреност, едно смирение.

Да, еве го, ова му се случувало некому таму или на Блаже му се случувало. Значи, ова е мудрото решение што го понудил Блаже на крајот од денот со својата песна. Сега некој ако сака да чита, а сé помалку имаме за жал што читаат, кога ќе почне да чита и да ги наоѓа сите тие прво вулгаризми што е во ред, нели? Но мора да се внимава, потоа туѓи зборови и така натаму ќе види дека всушност нема од каде да слушне за убавите македонски зборови што векови издржале меѓу Македонците и што потоа еден Благоја Корубин, Трајко Стаматоски, Тодор Димитровски заедно со Блаже Конески, Крум Тошев, основачот на Институтот, значи луѓе, плејада на македонисти коишто се вложиле себеси за да го доближат убавиот македонски јазик до сите во државата преку препеви, преводи, преку објавување текстови, преку создавање на Институтот за македонски јазик, Катедрата за македонски јазик претходно.

Светот се освојува само ако човек е свесен за себеси, од каде доаѓа, да не се срами од себеси, да не се срами од своето потекло.

Тоа е сериозен проблем, ова што го на што укажувате ги спомнавте Блаже Конески Гане Тодоровски. Еве ќе додадам уште некои Радован Павловски и Петре М. Андреевски. Нивната поезија и литература. Тоа беа врутоци на нека бидат неологизми, но тие беа вкоренети во македонскиот јазик.

Вие го читате Гане Тодоровски и гледате зборови кои не сте ги сретнале, ама ви се блиски.  Емотивно ве допираат, го разбирате, а е нов збор. Значи македонскиот јазик вие подобро тоа го знаете. Тој е отворен, тој треба да се развива. Зошто да имаме страв да го надградуваме, но коренот треба да се чува.

Дури и греота е ова што ќе го кажем, меѓутоа, излегува како да покажуваме мрзеливост. Една мрзливост кога станува збор за јазикот. Убава е пораката што ја гледаме од некои од соседите и подалечните словенски јазици. Како се појавува но збор, веднаш си наоѓаат свој превод, си создаваат свој превод и тој превод веднаш се пушта, се пушта преку медиуми. Меѓутоа веднаш се прифатени и така нормално звучат и рекламите со некои зборови коишто ги создале. Ние пробуваме и некако не ни успева.

И кога ќе речеме сега меѓу глушец и маус, дали неколку проценти кажуваат глушец? Сите останати ќе кажат маус. Не е само тоа.

Имавме јас и колешката Весна Костовска сега еден реферат на таа тема. Рефератот беше всушност за јазикот на порталите и јазикот во електронските медиуми. И едноставно се покажа дека многу лесно влегуваат и потоа ставаме македонска наставка. Меѓутоа зборот е странски и имаме некои кованици. Ние сме ги прифатиле, да сме ги прифатиле. Меѓутоа, зошто да ги прифатиме кога можеме да си создаваме и наши зборови? И тука некаде мора да се најде некој баланс, за да не се случи странците да ни кажат дека македонскиот јазик не звучи онака како што звучеше.

Многу ми е жал што сме ограничени со времето, а отворивме многу интересни прашања. Еве да тргнеме кон привршување на разговорот. Лоцирајќи ги сите кои треба да бидат одговорни, да водат и да имаат загриженост и грижа за афирмацијата на македонскиот јазик, не може да не го спомнеме толку долго не стартувањето на Инспекторатот за македонски јазик.

Како го оценувате таа? Може да не е магично стапче кој ќе ги реши проблемите и предизвиците со кои се соочува јазикот во јавната сфера, но сепак ќе значеше една точка кој ќе биде некоја филтер, кој ќе укажува, кој ќе казнува, ако треба, за погрешната употреба на македонскиот јазик.

Јас сум многу горда што бев во тој совет за македонски јазик кога се создаваше новиот закон за употреба на македонскиот јазик и ние го предложивме Инспекторатот и добро е што воопшто се се формира, се создаде.

Меѓутоа тие се сега во фаза на екипирање. Две од членовите на инспекторатот, на чело со директорката што ја имаат Менче Андреева, значи се запишаа кај нас на постдипломски студии по македонистика со комуникологија и тоа само покажува за нивната сериозност и нивната.

Знам дека во дваесет и шеста се екипираа, веќе имаа неколку конкурси и така натаму за огласи за работа, дека се екипираа и еве две се запишаа кај нас на постдипломски студии. Во моментов трае запишувањето, нели?

Тоа само кажува дека се многу заинтересирани и сакаат да се вложат и да дадат свој придонес. Јас верувам дека на крајот на 2027 година ќе можеме да зборуваме дека конечно инспекторатот работи.

Ние со задоволство сме ја канеле директорката на инспекторатот оттука да се обрати на од нашите манифестации на минатите отворени. Таа да се обрати за да упатиме еден апел до јавноста дека овој инспекторат конечно треба да работи и мислам дека ќе стоиме цело време зад инспекторатот само и само да функционира, да работи и да можеме да се гордееме со нивото на познавање на македонскиот јазик, со нивото на лектура и така натаму и на тој начин да им оставиме ако ништо друго на помладите, кога ќе отворат да читаат, да читаат на стандарден македонски јазик.

Многу пати себеси сум си се прашувала, меѓу, да речеме велешки дијалект говор, затоа што сум велешанка по потекло стандарден македонски, секогаш во јавен настап го бирам стандардниот, па и во приватен веќе, го бирам стандардниот македонски збор, ама го црпам од книгите што сум ги прочитала зад себе, затоа што зборот многу убаво стоел во реченицата, во текстот и ако инспекторатот ја заврши таа работа, тогаш сите ќе бидеме многу среќни.

Да, тоа е голем голем предизвик. Ако навистина биде така, јас ви благодарам многу за разговорот. Навистина инспиративен разговор. Само ќе се одјавам сега за нашите гледачи. Ви благодарам и јас.

Ако не сте го следеле каналот на РАЦИН.мк досега, заследете го сега.

Ако ви се допадна ова интервју, ставете едно одобрување дека ви се допадна. За малку ќе кажев лајк...

Што и овде му после доаѓа лајкува, лајкување. Гледате како ние туѓиот збор и потоа му ставаме македонски наставки. Оне што го зборував…

Да. И со тоа ве поздравувам и вас гледачите и останете и понатаму на каналот на РАЦИН.мк. И на крајот лајкот. Мисли, мисли што да кажам...

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?