Издаден ЖОЛТ АЛАРМ за силен ветер во Македонија

Засилен северен ветер со брзина над 50 километри на час се очекува денеска на места долж Повардарието, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи. Во останатите делови од земјата ветерот ќе биде слаб до умерен.

Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а претпладне во одделни котлини ќе има услови за магла. Дневните температури ќе се движат од 14 до 20 степени. Во Скопје се очекува променлива облачност и слаб до умерен северен ветер, со максимална температура до 16 степени.

Повремено засилен северен ветер долж Повардарието ќе има и утре. Од вторник ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време, додека нови услови за дожд се очекуваат во петок и за време на викендот.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?