Контрола на МВР: 25 товарни возила исклучени од сообраќај

Полицијата исклучи 25 товарни возила од сообраќај и констатираше 101 неправилност при вонредна акциска контрола спроведена на територијата на цела Македонија.

Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе петчасовна контрола на товарните возила, насочена кон проверка на техничката исправност, претоварот, обезбедувањето на товарот и нанесувањето кал на коловозите од градилишта и земјени патишта.

Во акцијата биле контролирани вкупно 781 товарно возило, од кои 92 биле веднаш упатени на вонреден технички преглед.

Покрај исклучувањето на 25 неисправни возила, полициските службеници евидентираа и три случаи на кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во Кривичниот законик.

За време на контролата биле регистрирани уште 219 други сообраќајни прекршоци, за кои се изречени соодветни законски санкции.

Од МВР најавија продолжување на засилените контроли и апелираа до превозниците и возачите редовно да ја одржуваат техничката исправност на камионите и прописно да го обезбедуваат товарот.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?