[ВИДЕО] Хаос и факели во албанскиот парламент, Рама: Одбивам да поднесам оставка

Рама

Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно ги повика демонстрантите во таа земја на дијалог, додека во исто време, на 18-тиот ден од протестот, тие остануваат на барањето тој да поднесе оставка, објавува албанскиот „Јуронујз“. Во исто време, во парламентот има драматични сцени.

За време на денешната пленарна седница на собранието, дојде до нарушување на говорницата, каде што пратениците од опозицијата ја блокираа говорницата, запалија факели и користеа свирчиња за да го спречат текот на дневниот ред, што доведе до два прекини на седницата.

Утрово, Рама го повтори повикот до студентите за дијалог, кој тие досега го одбиваа.

Рама на социјалните мрежи објави слики од столчињата поставени пред кабинетот на премиерот, повикувајќи на разговори со студентите, а воедно ја исклучи можноста за оставка.

Студентските протести од претходните денови беа обележани со судири со полицијата, тензии, апсења и повредени учесници.

На протестите им се придружија и универзитетски професори, кои најавија бојкот на наставата на факултетите.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?