Зеленски го посети Змиски Остров

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска го посети Змискиот Остров во Црно Море, чии бранители се спротивставија на Русија уште од почетокот на инвазијата.

– Денеска сме на Змиски Остров, кој никогаш нема да биде освоен од окупаторот, ниту цела Украина, бидејќи ние сме земја на храбрите. Сакам да им се заблагодарам на секој наш војник од овде, од ова место на победа, за овие 500 дена, посочи Зеленски.

На видеото објавено денеска, но без датум се гледа како Зеленски пристигнува на Островот и положува цвеќе на споменикот.

Москва го зазеде Змиски Остров кратко по почетокот на инвазија, украинските војници беа заробени, но подоцна беа разменети за руски затвореници. Украинските сили повторно го зазедоа островот во јуни минатата година.

Извор: МИА

July 8, 2023 11:23

in ZOOM INВОЈНА ВО УКРАИНАДЕНЕССВЕТ

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?