ЕКСКЛУЗИВНИ ФОТОГРАФИИ: Се демонтира логото на Алта Банка во Белград

Се симнува логото на Алта банка од централната зграда во Белград

Логото на Алта банка се демонтира од централната зграда во Белград, според фотографиите доставени до редакцијата на Рацин.мк.

Отстранувањето на ознаката следува по одлуката на Народната банка на Србија да ѝ ја одземе дозволата за работа на банката. Српската централна банка ја донесе одлуката на 30 октомври, поради значително влошување на финансиската состојба и ризик за интересите на депонентите.

Со решение за исполнетост на условите за поведување стечајна постапка, управувањето со банката е пренесено на српската Агенција за осигурување депозити. Од Народната банка на Србија соопштија дека целта е имотот да остане под надзор и да се спречи негово расипување.

Случувањата во Белград имаат последици и за сопствеништвото на Алта банка АД Битола, чиј доминантен акционер е српската банка. Во македонската банка денеска беше воведена привремена администрација, а гувернерот Трајко Славески најави постапка за продажба на акциите и заинтересирани купувачи.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?