„Визер“ слета во Будимпешта наместо во Софија по дојава за бомба

ЛДП
Gyrostat (Wikimedia, CC-BY-SA 4.0), CC BY-SA 4.0 , via Wikimedia Commons

Дојавата за бомба го прекина планираното патување на „Визер“ до Софија: авионот што полетал од лондонскиот аеродром Лутон денеска, 2 ноември, бил пренасочен и безбедно слетал во Будимпешта.

Авиокомпанијата потврди дека заканата била добиена во текот на летот. Согласно безбедносните процедури, леталото било упатено кон меѓународниот аеродром „Лист Ференц“, каде што по слетувањето било поставено на определена позиција за проверки.

Летот на „Визер“ до Софија го придружувал „Грипен“

Унгарскиот министер за одбрана Ромулус Русин-Сенди соопшти дека бил ангажиран борбен авион „Грипен“ за придружба на патничкото летало.

Според податоците на Flightradar24 наведени во извештајот на „Еуроњуз“, авионот летал над Босна и Херцеговина кога го променил правецот кон Унгарија.

По безбедното слетување, надлежните служби извршиле проверки на леталото и патниците. Постапувањето со случајот го презела полицијата, додека „Грипен“ се вратил во воздухопловната база Кечкемет.

Од „Визер“ нагласија дека соработуваат со властите и дека безбедноста на патниците и екипажот е нивен највисок приоритет.

Во објавениот извештај не е наведен исходот од проверките, ниту кога патниците ќе можат да го продолжат патувањето кон бугарската престолнина.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?