Неколку дена по пропаѓањето на Алта Банка во Србија, Македонија е во неизвесност и стравува од економска и финансиска криза. Принудните администратори од македонската Народна Банка имаат 3 недели за откривање на вистинското работење на битолската банка во која српската Алта банка имала 95,33% сопственост.
4 дена по прогласувањето стечај на Алта Банка во Србија, апсењето на сопственикот Мацура и воведувањето итни мерки од страна на македонската Народна Банка, македонските граѓани, стопанствениците, земјоделците и политичарите живеат со неизвесноста за последиците врз економскиот и финансискиот систем.
https://tera.mk/da-ne-bide-mickovski-so-alta-kako-crvenkovski-so-tat
И позитивен е одговорот на прашањето дали треба да се биде загрижен за економската и финансиската состојба на Битола.
Најпрвин на удар се граѓаните со своите заштеди, кои до 30.000 евра се осигурани во Македонија. Засега функционираат со ограничување на пристапот до заштедите, орочените пари и секојдневните плаќања. Загриженоста е поголема заради компаниите кои секојдневните плаќања и наплаќања сосе плати на вработените ја прават битолската економија. Под знак прашалник ќе стане нивната ликвидоност, доколку неизвесноста продолжи повеќе од 3 недели. На стенд бај се и сите планирани кредитирања што Алта Банка АД Битола ги планирала со Развојна Банка.
Причина за ова не е само фактот дека неделно може да се подигнуваат само по 10.000 денари,
ниту утеха е пак дека во текот на вчерашниот ден многумина ги потврдија соопштенијата на Народна Банка
за ликвидноста на банката со реализираните плаќања во продавниците,
па и најавата дека социјалните семејства ќе може во целост да ја подигнат помошта што ја добиваат од државата.
Компаниите имаат уште поголеми ограничувања. Тие не можат да вршат префрлање на средствата надвор од сопствената банка, ниту да извршуваат плаќања во странство, ниту пак да подигаат готовина од банкоматите. Ова подразбира дека фирмите кои се со сметки во Алта Банка АД Битола неможат да одговорат на своите обврски кон никого. Ова според теоријата подразбира проблеми во паричниот тек што води до дополнителни трошоци, судски процеси, нарушени деловни односи, проблеми со ликвидноста и потреба од стечајни постапки.
Засега, од јавно достапните информации нема конкретна бројка на компании, тоа е деловен доверлив податок на банките.
Но,Според годишниот извештај на Стопанска Банка Битола за 2025 година, непосредно пред продажбата битолската Алта банка имала скоро 9 милијарди денари депозити од кои најголемиот дел биле средства на домаќинствата. И кредитните расходи на банката биле со најголем процент од домаќинствата и т.н нефинансиски друштва-пари што ги чуваат компаниите и фирмите на своите банкарски сметки.
Оттука, многу е јасен изворот на загриженоста на сите во градот.
Банката во извештајот наведува стапка на капиталот од 33,39% и ликвидна актива од 42,92% од вкупната актива, што експертите го оценуваат како високи вредносни показатели. Но, во декември 2024 година банката остварила нето деобивка од 163,7 милиони денари, а во декември 2025 – 40,60 милиони денари, што е намалување за повеќе од 75%. И двата параметри, велат експертите, требало да бидат на црвената листа пред продажбата, иако не се показатели за случувањата од овој ноември.
А според информациите од страницата на Македонска берза, кадешто се објавени евидентиран и неревидиран биланс за успехот и т.н чувствителни информации за работата на банката во периодот јануари – септември 2026 година: банката била во загуба од 48,64 милиони денари.Споредувано со извештајот од 2025 , Стопанска Банка во првите 9 месеци била во добивка 49,15 милиони денари. Сите параметри во извештајот говорат за загуба или поголеми трошоци, и негативен пресврт од 97,8 милиони денари за една година.Во извештајот и сметководствено е направена исправка на вредноста на финансиските средства од плус 32,32 милиони денари, но нема информации од кои активности на банката произлегле парите за исправката.
Се на се, извештаите на Алта Банка ад Битола од 2026 година биле со заклучок дека е ликвидна, но без доказ за тврдењето.
Експертите сега коментираат дека: најпрвин евидентно е дека имале нефункционални кредити, дека во извештајот евидентна е информација за адекватноста на капиталот-поим кој покажува колку сопствен капитал има една банка во однос на ризиците кои ги презема и дека во првите 9 месеци од 2026 година изнесувал 1,93 милијарди денари, а во 2025 бил 1,99 милијарди и, се прашуваат дали добро биле пласирани парите.
А заклучокот е единствено поврзан со констатацијата дека државата мора брзо но и умно да реагира, за да не биде премиерот Мицковски во Битола запаметен како премиерот Црвенковски од 1997 година.

