Европската народна партија пред одлука: Исклучување на Вучиќ или нови услови за СНС

Србија
EPA/MARKO DJOKOVIC

Европската народна партија (ЕПП) на почетокот на декември ќе пресече дали ќе ја исфрли Српската напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ поради непочитување на европските вредности. Белград не ги исполнил договорените рокови и обврски, потврдуваат високи партиски извори во Брисел за Политико.

Политичкото собрание на ЕПП закажано за 7 и 8 декември треба да ја донесе конечната одлука за статусот на српската владејачка партија. Постапката за проверка на СНС започна во септември, откако раководството на европските народњаци побара извештај за тоа дали партијата на Вучиќ се уште се придржува до темелните вредности на ова десничарско семејство.

Според информации на европските претставници, изгледите за СНС во моментов се неповолни бидејќи српската страна не испорачала резултати на преземените ветувања, пишува Политико. Внатре во групацијата се разгледуваат две опции – поставување строги услови за останување или целосно исклучување, процес сличен на оној со кој порано беше отстранета партијата на Виктор Орбан.

Портпаролот на ЕПП потврди дека внатрешната постапка е во тек, додека дел од членките бараат балансиран пристап за да се избегне целосна изолација на Србија.

Паралелно со постапката против Вучиќ, раководството на ЕПП избегнува мерки против поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша, иако тој неодамна јавно ги обвини полскиот премиер Доналд Туск и унгарскиот опозиционер Петер Маѓар за кршење на владеењето на правото.

Ваквата толеранција кон Јанша во Брисел се оправдува со неговата лојалност при гласањето во Европскиот парламент и поддршката за Европската комисија на Урсула фон дер Лајен, додека отстапувањата на Србија во однос на владеењето на правото и надворешната политика претставуваат поголем политички проблем за европските народњаци.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?