Пет нови сликовници со Стела и Сани ќе бидат претставени в сабота, 7 ноември, од 11 часот во Веро Центар (Џамбо).
Приказните ги напиша Бистра Георгиева, а илустрациите се на Наташа Андонова и Љупка Стојкова. Петте нови наслови се „Мечка се жени“, „Ноќна смена“, „Како да го прескокнеш вторник“, „Изгубено – најдено“ и „Кој прв ќе заспие“.
По обраќањето на авторката и потпишувањето на сликовниците ќе следуваат интерактивен концерт и фотографирање со Стела и Сани. За децата ќе има и креативно катче за боење и цртање.
