Продолжуваат апсењата во Србија, уапсен првиот човек на Инѓија

Апсењата во Србија продолжија и денес (8 ноември) со акција во Инѓија, во која е уапсен претседателот на општината Марко Гашиќ. Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека се уапсени шестмина осомничени за злоупотреба на службената положба, помагање во тоа дело и перење пари, додека по уште едно лице се трага.

Меѓу уапсените е и Урош Трифуновиќ, директор на јавното претпријатие „Инѓија пут“. Сомнежите против него и Гашиќ се однесуваат на јавни набавки за обележување патишта и поставување сообраќајна сигнализација во периодот од 2023 до 2025 година.

Според обвинителството, постои сомнеж дека во постапките однапред бил договорен понудувачот што ќе ја добие работата. Потоа биле склучени договори спротивно на критериумите на јавните набавки и била наложена исплата на речиси 27 милиони српски динари, иако осомничените, според наводите, знаеле дека работите не се изведени.

Тројца од уапсените се сомничат дека помогнале во исплатите преку изработка, потпишување и заверување техничка документација со невистинита содржина. Таа документација, според обвинителството, послужила како основа за префрлање на парите.

Една осомничена се товари за перење пари. Обвинителството наведува дека држела средства исплатени врз основа на фиктивни фактури за наводно извршени градежни услуги, иако, според сомнежите, знаела дека парите потекнуваат од криминална дејност.

Гашиќ е на чело на општина Инѓија од јули 2024 година. Претходно раководел со „Инѓија пут“, а по неговото преминување на општинската функција, директорското место во претпријатието го презел Трифуновиќ.

Акцијата ја спровела криминалистичката полиција во соработка со Посебното одделение за сузбивање корупција на обвинителството во Нови Сад. На шестмината осомничени им е одредено задржување до 48 часа, во кој рок е предвидено да бидат изведени на распит пред обвинител.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?