Брод со околу 200 мигранти од Сенегал исчезна во близина на Канарските острови, а според невладините организации, на него има многу деца.
Во потрагата по исчезнатите учествуваат шпански спасувачи, а невладината организација „Walking Borders“ наведува дека бродот испловил пред една недела од пристаништето Кафунтин во Сенегал, кое е на околу 1.700 километри од Тенерифе, јави Би-би-си.
Се додава дека во потрагата учествува и авион, како и дека исчезнале уште два случајни брода со 60 и 65 лица.