Пронајдени 12 тела во чамец со мигранти во близина на Крит, спасени 18 лица

мигранти

Грчките власти извлекоа 12 тела од чамец со мигранти откриен јужно од островот Крит, а товарен брод кој пловел под мароканско знаме спаси 18 преживеани од истото пловило.

Грчката крајбрежна стража соопшти дека чамецот бил лоциран во понеделникот наутро на околу 15 наутички милји, односно приближно 28 километри јужно од медитеранскиот остров Крит. Засега нема официјални податоци за идентитетот на загинатите, ниту за точните околности под кои настапила смртта.

Јужно од Крит утрово се пресретнати уште два брода со мигранти, едниот со околу 47 лица, а вториот со приближно 40 патници. Првиот чамец бил забележан од авион на европската агенција за гранична и крајбрежна стража Фронтекс, додека вториот го детектирал дрон на истата агенција. Сите лица од овие две пловила се спасени и упатени кон пристаниште на јужниот брег на Крит.

Грција останува една од клучните влезни точки во Европската Унија за бегалците и мигрантите од Блискиот Исток, Африка и Азија. Изминативе месеци илјадници луѓе го користат ризичниот морски коридор од Северна Африка, најчесто од Либија кон Крит, додека дел преминуваат од турскиот брег кон блиските грчки егејски острови со гумени чамци.

Според податоците што Фронтекс ги објави во октомври, источниот Медитеран е најфреквентната рута за влез во ЕУ, иако вкупниот број нерегуларни преминувања на границите на блокот бележи пад од една третина во текот на годината. Во првите три квартали од годинава се регистрирани околу 31.800 преминувања, што претставува намалување од 15 отсто во споредба со истиот период лани. Морскиот правец од Либија кон Крит е најактивен дел од рутата, пред источните егејски острови и копнената граница со Турција.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?