Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Амбасадорката Дир: За да обезбеди гаранции, Украина се обврза да користи касетна муниција само за деокупација на своите меѓународно признати територии

Како што е познато, на 7 јули 2023 година, Владата на САД објави одлука за обезбедување на Украина уште еден пакет воена помош, кој исто така вклучуваше и касетна муниција (калибар 155 мм), коментира Амбасадорката на Украина Лариса Дир во врска со обезбедувањето на касетна муниција за Украина.

Таа нагласува дека уште пред САД да донесат таква одлука, Украина обезбеди соодветни официјални гаранции поврзани со употребата на касетна муниција.

Според Дир, за да ги обезбеди овие гаранции, Украина се обврза да користи касетна муниција само за деокупација на меѓународно признатите територии на Украина. Касетната муниција од калибар 155 нема да се користи на официјално признатата територија на руската федерација.

Со цел да се зачуваат животите на украинските граѓани, како на цивили, така и на војници, касетната муниција ќе се користи само на места каде што се концентрирани руски трупи за пробивање на одбраната на рускиот агресор со минимален ризик по животите на украинските бранители.

Дир уверува дека Украина ќе воспостави контрола и строга евиденција за употребата на касетната муниција, како и за локалните области каде што ќе се користи таква муниција.

Важна должност за Украина по деокупацијата на украинските територии и победата на Украина ќе биде одредувањето на наведените локални зони како приоритетни за деминирање. Овие мерки се наменети за справување со ризиците поврзани со неексплодираните елементи на касетната муниција, вели амбасадорката и додава, според проценките, стапката на неуспех на овие касетни муниции изнесува 2,35%.

Таа посочува дека од почетокот на војната, рф користи касетна муниција на целата територија на Украина, чиј процент на неуспех достигнува 40%, што е исто така голем извор на загадување на територијата на Украина.

Според Дир, Украина, исто така, се обврза да известува за употребата на гореспоменатата касетна муниција, вклучително и за нивната ефикасност. Ќе се обезбеди соодветен стандард на транспарентност и контрола.

Украина се бори против државата агресор рф, која секојдневно убива Украинци, со ракети и артилерија безмилосно го гранатира цивилното население на Украина и критичните инфраструктурни објекти, киднапира украински деца, врши екоцид, уценува со нуклеарна опасност, вели Дир.

Со заеднички сили ќе ја победиме државата-терорист рф., нагласува украинската амбасадорка.

ЦивилМедиа

Зачлени се на нашиот е-билтен