СДСМ: Со кривични пријави Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ

СДСМ

СДСМ обвини дека кривичните пријави против претседателот на партијата Венко Филипче и уште тројца нејзини функционери се обид за притисок врз опозицијата поради критиките за работењето на Алта банка.

Во соопштението, опозициската партија наведува дека пријавите се однесуваат на Филипче, Александар Саша Димитријевиќ, Андреј Жерновски и Александар Трајановски, а го обвини гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, дека ги поднел под политички притисок од премиерот Христијан Мицкоски.

СДСМ тврди дека целта е да се замолчи опозицијата по нејзините повеќемесечни предупредувања за работењето на Алта банка и околностите под кои таа влегла на македонскиот пазар.

Партијата повторно изнесе обвинувања за поврзаноста на банката со српскиот претседател Александар Вучиќ и за наводни истраги во Србија. Во соопштението се споменуваат и информации за стечај, одземање лиценца и апсење на банкарот Давор Мацура, но СДСМ не приложува дополнителна документација со која ги поткрепува овие тврдења.

Од опозициската партија го обвинија Мицкоски дека на вчерашната надзорна расправа во Собранието изнел невистини за тоа кој ја внел Алта банка во земјава. Најавија дека ќе продолжат да ги поставуваат прашањата за работењето на банката и за одговорноста на надлежните институции.

СДСМ го повика и јавниот обвинител Савески да не учествува во, како што ја оценува партијата, политички мотивирана постапка.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?