Студ и силен ветер ја пречекаа Македонија во Глазгов, утре дуел со Шкотска

Македонската фудбалска репрезентација пристигна во Глазгов, каде што утревечер ќе ѝ гостува на Шкотска во претпоследното коло од Лигата на нации. По речиси четиричасовното патување од Скопје, репрезентативците ги пречекаа значително постудено време и силен ветер.

Избраниците на Гоце Седлоски ќе ги завршат подготовките за натпреварот на „Хемпден парк“, закажан за петок, 13 ноември, во 20:45 часот по македонско време.

Македонија влегува во дуелот со четири порази во досегашните четири кола и гол-разлика 0:10. Гостувањето е нова можност за прв погодок и први бодови во овој циклус. Во претходната меѓусебна средба, одиграна на 3 октомври во Скопје, Шкотска победи со 2:0.

Селекторот Седлоски пред ноемвриските натпревари побара поголема дисциплина и ангажман, со акцент на исправување на грешките од претходните настапи.

„Од играчите барам да има трчање, желба и дисциплина во играта“, порача Седлоски.

По гостувањето во Глазгов, репрезентацијата се враќа во Скопје, каде што на 16 ноември ќе ја пречека Словенија во последното коло од групната фаза.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?