Божиќното село за 2026 е во Омиш – Хрватска

Во далматинското селце Нарт живеат 11 луѓе, а во предбожиќниот период го посетуваат околу 70.000. Божиќното село што таму го уредило семејството Лучиќ му ја донесе на хрватскиот град Омиш титулата „Европско божиќно село“ за 2027 година.

Семејството ги украсило постојните патеки, камените ѕидови и дрвјата долж два километра осветлена патека. Божиќното село се простира на речиси четири хектари. Во програмата учествуваат далматински пејачки групи, а локални семејни стопанства подготвуваат традиционални јадења.

За посетителите, божиќното село ќе се отвори на 29 ноември, а програмата ќе трае до 6 јануари 2027 година. Омиш ќе го прими признанието на 3 декември во Барселона. На истата церемонија Базел ќе ја добие титулата „Европска престолнина на Божиќ“, а романскиот Баја Маре ќе биде награден во категоријата „Европски божиќен град“.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?