Мицкоски најавува реконструкција по изборите во Брвеница

Премиерот Христијан Мицкоски очекува реконструкцијата на вториот и третиот ешалон на власта да заврши до крајот на ноември. Рокот првично беше октомври. Мицкоски рече дека со лидерите на ВЛЕН веќе разговарал за неколку позиции, а кадровските комисии на партиите допрва треба да ги утврдат предлозите.

На прашањето дали ВЛЕН ќе добие помалку позиции по изборите во Брвеница, премиерот се повика на коалицискиот договор и на дадениот збор. Во вториот круг на 1 ноември, Аркин Јахији од коалицијата предводена од ДУИ го победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, со разлика од 265 гласа.

Мицкоски соопшти дека лидерите на владината коалиција договориле средба во декември. Прашан за најавата на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, дека може да ја напушти Владата доколку правосудниот испит се полага на албански јазик, премиерот рече дека одлуката е на Димитриевски и оцени дека Владата е стабилна.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?