Кој ја плаќа цената на задолжувањето, денес дебата за јавниот долг и стандардот

Како јавниот долг се одразува врз животниот стандард на граѓаните и кој ги сноси последиците од задолжувањето? Овие прашања ќе бидат во фокусот на јавната дебата што почнува денес во 11 часот во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје.

Дебатата „Кој ја плаќа цената? Јавен долг, економска одржливост и животен стандард“ ја организира Фондацијата „Фридрих Еберт“, канцеларија Скопје, со цел да отвори аргументирана дискусија за поврзаноста меѓу задолжувањето, економската стабилност и социјалната праведност.

На панелот ќе учествуваат Фатмир Битиќи, пратеник во Собранието, Олимпија Заева Христова, основачка и извршна директорка на „Elson Solutions“, Ванчо Узунов, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, и Виктор Митевски, извршен директор на Здружението за истражување и анализи – ЗМАИ.

Учесниците ќе разговараат за приоритетите на економските политики, јавниот долг, распределбата на финансиските товари и последиците од економските одлуки врз различните општествени групи. Ќе се отвори и прашањето дали економските политики обезбедуваат долгорочна одржливост и социјална праведност.

Дискусијата ќе ја модерира новинарката на Телевизија 24, Анета Додевска. Пристигнувањето и регистрацијата се предвидени за 10:30 часот.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?