Повторно напад врз девојка во Крива Паланка

убиство

Дваесетгодишна девојка од Крива Паланка пријавила дека татко ѝ физички ја нападнал и ѝ се заканувал во семејниот дом. По нејзината пријава, полицијата го привела 51-годишниот маж на 16 ноември во 21:25 часот, соопшти МВР.

Мажот бил однесен во полициска станица. Од МВР велат дека против него ќе поднесат пријава откако ќе го документираат случајот. Во билтенот нема информација дали девојката се здобила со повреди.

Ова е нов случај на пријавено семејно насилство во Крива Паланка. На 7 ноември МВР објави дека поднело кривична пријава против 31-годишен маж осомничен дека во септември физички ја нападнал и ја повредил својата 29-годишна сопруга.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?