Тачи ја нарече политичка новата пресуда во Хаг

„Ова е политика, а не правда“, рече поранешниот косовски претседател Хашим Тачи во судницата во Хаг, веднаш откако судијата му изрече 17 месеци затвор за попречување на правдата. Според пресудата, новата казна ќе ја издржува последователно со 25-годишната затворска казна за воени злосторства, изречена во септември.

Судијата Кристофер Госнел утврди дека Тачи во 2023 година им откривал доверливи информации за сведоци на луѓето што го посетувале во притвор. Преку посетителите им пренесувал и упатства на сведоците како да сведочат во постапката за воени злосторства. Судот го прогласи за виновен и за нарушување на тајноста на постапката и за непочитување на судот.

Во истиот предмет, Башким Смакај и Фадил Фазлиу добија по 12 месеци затвор. Судот нареди веднаш да бидат пуштени бидејќи веќе ја издржале казната во притвор. Хајредин Кучи доби условна казна од еден месец затвор, а Исни Килај беше ослободен од обвиненијата.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?