Се судрија два воза во Прага, 46 повредени

Два патнички воза се судрија утрово во близина на главната железничка станица во Прага. Според ажурираниот извештај на чешкиот портал „иДНЕС“, повредени се 46 лица, од кои четворица потешко. Меѓу повредените се и двајцата машиновозачи.

Несреќата се случила околу 7 часот на железничкиот мост над улицата „Сајфертова“. Според прашките пожарникари, двата приградски воза се движеле со мала брзина. Итните екипи ги евакуирале патниците, а повредените биле пренесени во болници низ градот.

Полицијата и железничката инспекција ја утврдуваат причината за судирот. Сообраќајот на главната станица е делумно обновен, со четири перони во употреба. Чешките железници предупредија дека и натаму се можни доцнења и најавија обесштетување за патниците од двата воза.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?