Александар Вучиќ не ја читаше свечената заклетва заедно со другите пратеници на конститутивната седница на Собранието на Србија. На снимката од седницата поранешниот претседател стои додека пратениците околу него го изговараат текстот.
Заклетвата се читаше откако беа потврдени мандатите на сите 250 пратеници. Со неа тие се обврзуваат да ја вршат функцијата во согласност со Уставот и да ги штитат човековите и малцинските права и граѓанските слободи.
Вучиќ се врати во пратеничките клупи по 20 години, овојпат како опозициски пратеник. На изборите од 25 октомври неговата листа „Обединета Србија“ освои 103 мандати, додека Студентската листа обезбеди мнозинство со 140 пратеници.
AV nije procitao zakletvu. https://t.co/JImlFh6sbo
— sloba (@slobadoktor) November 17, 2026
