Посетата на папата Лав XIV на Перу беше проследена со два инцидента. По случката во која беше удрен близу окото од бројаница фрлена од верник, Папата доживеа уште еден инцидент, овојпат во автомобилот во кој се возеше.
Додека се движеше во колона возила, возачот на автомобилот во кој се наоѓаше Папата нагло закочи за да избегне судир со мотоцикл. Како последица на наглото кочење, папата Лав со главата удри во наслонот за глава на предното седиште.
На снимката, на која е прикажан моментот на инцидентот во градот Каљао, може да се слушнат криците на верниците собрани да го видат поглаварот на Римокатоличката црква, во моментот кога тој удира со главата.
Сè уште не е јасно дали Папата имал врзано сигурносен појас. На видеото се гледа како тој кратко му се обраќа на возачот.
Pope Leo smacks face against chair when motorcade brakes suddenly. 🎥: NoticieroSLV https://t.co/YHLE0K9ohh
— TMZ (@TMZ) November 17, 2026
Папата Лав XIV се врати во Рим во вторникот наутро, по 12-дневната турнеја низ Латинска Америка, која заврши во Перу. Тој е државјанин на таа земја и ја смета за свој втор дом.
„Се чувствував како дома, а вие ме потсетивте дека Црквата е навистина семејство“, изјави папата Лав пред да се качи во авионот, пренесува „Ватикан њуз“ (Vatican News).
Папата Лав XIV има посебна поврзаност со Перу, иако не е роден таму. Тој долги години живеел и служел во оваа јужноамериканска земја, каде што изградил значаен дел од својот верски живот.
Пред да биде избран за папа, тој бил мисионер, а потоа и бискуп во Перу. Поради тоа, оваа земја го смета за многу блиска личност.
Папата Лав XIV е со американско потекло, но поседува и перуанско државјанство. Тој го смета Перу за своја втора татковина и има особено силни врски со градот Чиклајо.

