Брисел во понеделник останува без повеќето летови

Повеќето полетувања и слетувања на бриселскиот аеродром „Завентем“ ќе бидат откажани утре, 23 ноември, поради националната синдикална акција во Белгија. Во протестот ќе учествува и дел од персоналот на контролата на летање „Скајс“, а нарушувања се најавени и во јавниот превоз.

Аеродромските власти ги повикаа патниците да ги следат известувањата од авиокомпаниите, кои директно ќе ги информираат за откажувањата и за можностите за промена на патувањето.

Притоа, откажан лет ќе се појави во онлајн-прегледот на аеродромот дури откако авиокомпанијата ќе ја регистрира промената. Затоа патниците со резервација за понеделник треба да го проверат статусот и директно кај превозникот пред да тргнат кон „Завентем“.

Дополнителен проблем ќе биде движењето низ Брисел. Јавниот превозник STIB-MIVB најави нарушувања во сообраќајот на метрото, трамваите и автобусите. Првичниот план за линиите што ќе сообраќаат треба да биде достапен вечерта пред штрајкот, а конечната потврда ќе следува во понеделник, непосредно пред 6 часот наутро.

Линиите што ќе останат во функција ќе сообраќаат поретко. Превозникот препорачува проверка на актуелната состојба непосредно пред поаѓање и користење алтернативен превоз, каде што е можно.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?