(Видео) Од собраниската говорница до црковниот хор, Чупиќ запеа на литургија

Новоизбраниот претседател на Народното собрание на Србија, Александар Чупиќ, привлече внимание откако на празникот Аранѓеловден беше снимен како пее црковни песни за време на литургија во Рашка.

На снимката, објавена на социјалните мрежи од профилот „Студенти Рашка“, се гледа како Чупиќ учествува во црковното пеење за време на богослужбата.

Според српските медиуми, неговото учество во црковното пеење не е новост. Чупиќ и претходно бил член на црковниот хор во Сопот, каде што живее со семејството.

Чупиќ беше избран за претседател на српскиот парламент на 19 ноември, само два дена пред празникот Свети Архангел Михаил, познат како Аранѓеловден.

Снимката привлече внимание поради неговата нова државна функција, но и поради неговото активно учество во црковниот живот.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?