Кој ја зафркава претседателката Сиљановска?

Сиљановска-Давкова

Александар Чупиќ беше избран за претседател на српското Народно собрание и В.Д претседател на Србија на 19 ноември. А нашата претседателка Гордана Сиљановска-Давкова дури денес најде слободно време да упати јавната честитка на мрежата X. Три дена разлика за политичка вест од соседна држава, чиј нов парламентарен и В.Д шеф на државата, таа очекува како што се вели во објавата да го пречека во Охрид.

Леон БАКРАЧЕСКИ

Прашањето е едноставно. Зошто за оваа јавна порака беа потребни три дена и како функционира информирањето во претседателскиот кабинет?

Изборот на Чупиќ беше јавно објавен уште во четвртокот. Официјалните српски институции соопштија дека кандидатот на Студентската листа добил поддршка од 140 пратеници, наспроти 97 гласа за Стојан Раденовиќ. Информацијата беше достапна и во македонските медиуми истиот ден.

Во тој период Сиљановска-Давкова имала официјални активности. На 19 ноември ги примила акредитивните писма на новата естонска амбасадорка Јана Ванамолдер, како и на новиот саудиски амбасадор Турки бин Ибрахим Ал-Мади. Кабинетот објавувал соопштенија и ја информирал јавноста за нејзината дипломатска агенда. Значи не биле во зимски сон.

Токму на 19 ноември на претседателската страница е објавен и повикот за акредитирање медиуми за состанокот на Процесот Брдо-Бриони, закажан за 27 ноември во Охрид. Во неделната честитка Сиљановска-Давкова напиша дека очекува таму да му посака добредојде на Чупиќ.

Оттука, навременото следење на промените во српскиот државен врв има и непосредно практично значење за нејзиниот кабинет, кој подготвува регионална лидерска средба.

Дали претседателката била навреме брифирана, а објавата чекала одобрување? Дали службите за протокол и комуникации ја одложиле пораката? Или станува збор за свесно избран термин за објавување?

Претседателката има кабинет, советници и служби чија работа подразбира следење на регионалните настани. Граѓаните со право можат да очекуваат таа поддршка да се препознае и во навремената јавна комуникација. Особено кога станува збор за соседна држава и за соговорник што се очекува во Охрид за само неколку дена.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?