Полицијата во Грција спречи план на 14-годишно момче да пука во училиште

Грција

Полицијата спречи наводен план на 14-годишно момче да нападне училиште и да пука во соученици, за кои тврди дека постојано го малтретирале – случај што надлежните го опишуваат како без преседан во Грција, објави Катимерини.

Антитерористичката служба започна истрага откако доби информации од странска агенција за корисник на апликацијата „Телеграм“ кој се заканувал дека ќе изврши масовно пукање.

Полицијата успеа да го поврзе налогот со тинејџерот, кој наводно истражувал за случаи на пукања во училишта, се обидувал да набави огнено оружје и воена опрема, а размислувал и за снимање на нападот и негово објавување на интернет. Тој, исто така, купил нож со должина од 35 сантиметри.

Момчето ѝ изјавило на полицијата дека сакало да казни група од 10 до 15 малолетници, кои во повеќе наврати го навредувале и физички го напаѓале.

Според надлежните, нема докази за идеолошка радикализација или терористички мотив; тие го опишуваат случајот како ескалација кон насочено насилство, поттикнато од желба за одмазда.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?