Чупиќ му го исклучи микрофонот на Вучиќ, тој одговори со аплауз

Александар Вучиќ остана без микрофон во српското Собрание откако го пречекори времето за обраќање. Претседателот на парламентот, Александар Чупиќ, прво му покажувал на часовникот, а потоа го прекинал говорот на шефот на пратеничката група на СНС. Вучиќ реагирал со аплауз.

„Можете да ја завршите реченицата, потоа го исклучувам говорникот“, објаснил Чупиќ, нагласувајќи дека правилото за двеминутно обраќање важи за сите пратеници.

На исклучувањето на микрофонот му претходела реплика на Вучиќ до потпретседателката на Собранието, Сара Валентиќ. Таа се извинила за претходна изјава што оставила впечаток дека на пратениците на СНС треба да им се ограничи правото на говор.

Валентиќ нагласила дека слободата на изразување е уставно право, но останала на ставот дека оние што постапувале против Уставот и законите треба да одговараат.

Вучиќ го критикувал нејзиното обраќање и го бранел периодот на своето владеење, наведувајќи економски и инфраструктурни резултати. Додека зборувал, Чупиќ го предупредувал дека времето му истекува, по што го исклучил микрофонот.

На истата седница претседателот на Собранието ѝ изрекол опомена и на пратеничката на СНС, Ана Брнабиќ, бидејќи зборувала без да добие збор.

Српските пратеници денеска ја продолжуваат конститутивната седница, на која треба да ги изберат членовите на собраниските одбори и постојаните делегации во меѓународните институции. Чупиќ беше избран за претседател на парламентот минатата недела.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?