Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска предупреди дека целите на Русија се протегаат подалеку од Украина и повика европските земји да ѝ постават јасни граници на Москва. Тој зборуваше во Бундестагот за време на расправата за германскиот буџет за 2027 година.
„Русија точно знае што сака, а сака повеќе од Украина“, рече Мерц. Според него, Москва ги заострува тензиите во балтичкиот регион, во Полска, во Црното Море, па дури и во вселената. Тој рече дека ескалацијата се чувствува и во Германија.
Мерц ја поврза поддршката за Киев со безбедноста на европските земји. „Со тоа што ја поддржуваме Украина, се поддржуваме и се штитиме себеси“, рече тој. Според него, единството што европските партнери го покажале на минатонеделниот состанок во Берлин дава основа за претпазлив оптимизам за постигнување мир.
