Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Kовачевски од Самитот на НАТО: Безбедноста и стабилноста на Западен Балкан зависи од брзата евроатланска интеграција на регионот

„На состанокот со претседателката на Европската Комисија и претседателот на Eвропскиот Совет Мишел ќе го реафирмираме ставот за важноста на европските и евроатланските интеграции за мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот на овој многу важен регион и за НАТО, меѓутоа и за ЕУ, изјави денеска премиерот Ковачевски на почетокот на вториот ден на Санмитот на НАТО во Вилнус.

Димитар Ковачевски, на вториот ден од Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија, како што истакна во изјавата, има големи причини за задоволство од вчерашниот прв ден на којшто се потврди единството во НАТО Алијансата.

„Го поздравивме влегувањето на Финска како 31 членка и чекорот кој е направен пред финално влегување во НАТО Алијансата на Шведска. Исто така беа донесени многу важни одлуки, првата во однос на продолжувањето на поддршката на Украина. Второ во однос на подготовката на безбедносни планови на регионално ниво, во однос на финансирањето пришто беше донесена одлука за 2% од БДП да биде минимум издвојување за одбраната, пришто 20% најмалку да биде за модернизација. Исто така голема одлука беше донесена во однос на проширувањето на соработката на НАТО земјите во делот на сајбер безбедноста и во делот хибридните закани коишто ги гледаме околу нас“, нагласи претседателот на Владата Ковачевски во изјавата за медиумите.

Тој информираше и за денешните активности меѓу кои е и првата сесија со партнери на НАТО од Индо – пацифичкиот регион Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Јапонија, со коишто ќе бидат споделени најважните аспекти на заедничкото делување во однос на обезбедувањето мирот во светот во овој нов геополитички момент.

Ковачевски ја најави и билатералната средба со премиерот на Грција како и учеството во работата на првиот состанок на Советот на НАТО – Украина.

Зачлени се на нашиот е-билтен