Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ВИДЕО/ЕКСКЛУЗИВНО) Петровска: Украина ќе стане членка на НАТО, но приоритет ни е победата над Русија

Ексклузивно, од самитот на НАТО во Вилнус, Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, за ЦИВИЛ Медиа зборува за главните теми на овој важен настан, кој генсекот на НАТО, Јенс Столтенберг, го нарече историски „уште пред и да започне“.

Министерката Петровска зборува за тоа што од самитот е посебно значајно за нашата земја, имајќи предвид дека регионот е исправен пред сѐ поголеми безбедносни предизвици, како што се косовско-српските тензии и нестабилноста на БиХ.

Понатаму, Петровска го споделува ставот на нашата земја во поглед на барањето на Украина за членство во НАТО. Македонската министерка за одбрана го коментира и историскиот чекор на Шведска која направи и уставни измени за да ги задоволи условите на Турција, со што се деблокира процесот на зачленување на Шведска во НАТО.

Петровска во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа ја уверува јавноста дека приватната платеничка формација Вагнер не е присутна во земјите членки на НАТО на Балканот. Таа говори и за тоа како се справува нашата земја со опасностите што произлегуваат од руската агресија против Украина.

Разговорот го водеше Џабир Дерала Камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети

Преземено од Јутјуб каналот на ЦивилМедиа:

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново