Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албанија треба да плати 214,4 милиони евра за изгубени случаи на меѓународните судови

Фактурата која Албанија треба да ја плати по изгубени случаи на меѓународните судови во државниот буџет од година во година се зголемува како резултат на грешките што ги прави албанската Влада во договорните финансиски односи со фирми и поединци, наведува весникот „Монитор“.

Министерството за финансии информира дека до крајот на јуни 2023 година вкупната сума што треба да се плати од буџетот достигна 214,4 милиони евра, од кои 21,7 милиони евра се одлука на Меѓународниот суд за човекови права и главно се во корист на поранешни сопственици на имот и 192,7 милиони евра кои произлегуваат од одлуките на Меѓународниот арбитражен суд, а се однесуваат на инвеститори кои имале договори со владата и кои еднострано се раскинати, стои во анализата на весникот.

Според прегледот на Министерството за финансии, од вкупно 192,7 милиони евра за арбитражните одлуки, најголем износ, односно 108 милиони отпаѓа за случајот со италијанскиот бизнисмен Франческо Бечети. Неодамна Бечети објави дека побарал 650 милиони евра отштета во Арбитражниот суд и дека му било дадено право да добие 110 милиони евра, што е највисока казна во историјата на албанската држава изречена од Арбитражен суд.Обесштетувањето е поради заплената на телевизијата „Агон канал“ во 2015 година, а во образложенето на судот стои дека тоа било „политички мотивирано“.

Втора највисока обврска за албанската Влада во изгубен случај на Арбитражниот суд е онаа на грчката компанија за патишта „Копри Актор“ кон албанската Управа за патишта со 42,9 милиони евра.

Трета по износ обврска е онаа кон GBC OIl Company кон Министерството за индустрија и енергетика и Албпетрол, со 13,4 милиони евра.

Околу 26 милиони евра Албанија треба да плати само на име правни трошоци за одбрана на различни предмети во Арбитражниот суд. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен